Протест за слобода на уставобранителите пред Собранието: “Се обидоа да спречат да искрвари Македонија”

t

Група граѓани попладнево се собраа пред Собранието, барајќи „слобода и правда“ за обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Собраните луѓе носеа транспаренти со натпис „Не требаше ни ден да бидат во затвор, а не со години“ и побараа ослободување на обвинетите.

„Од тој 27 до денес искрвари Македонија, тие се обидоа да го спречат тоа, слобода за нашите браќа“, пишуваше на еден од транспарентите.

Во експресен судски процес за настанот првично беа обвинети 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и двајца за помагање.

Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков беше осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

Судијката Добрила Кацарска во образложението рече дека Чавков бил носител на златната команда на 27 април и иако знаел дека толпата ја тресе оградата пред Собранието и влегува внатре, не дал наредба за интервенција на полицијата.

За истото дело се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа на 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор…

Вкупно сите заедно на повеќе од 200 години затвор…

(Фото) МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши одморот за пратениците

Со одржувањето на денешната Работна сесија на…

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…