Протест и марш во Тетово по повод две години од пожарот во модуларната болница

t

Семејствата на 14 луѓе кои ги изгубија животите во пожарот во тетовската модуларна болница организираа јавен марш и протест. Не се задоволни со завршениот судски процес и бараат да има нова истрага.

– Семејствата бараме правдата да излезе на виделина. Новинарите на ИРЛ објавија вистински кој е виновен, а кој не е виновен. Овде ние бевме ние на сите рочишта, немаше правда. Од почетокот ние кажавме дека во оваа држава нема правда. Јас сум бил од почетокот на ова судење, гледав дека нема правда. Беа осудени три лица, не викам дека не се виновни тие. Ама виновни се гледа кој е. Државата молчи, денес тие слават, денес не дојдоа кај нас да видат дека 14 лица живи загинаа таму. Јас сум бил со мајка ми во соба број 3 и од таму почна огнот. Не знам ни јас како седам овде. Ние ќе бараме нова истрага, со протестите ние ќе продолжиме понатаму – изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот на 8 септември 2021 година ги загуби братот и мајката.

Семејствата и граѓаните се собраа на местото каде што порано беше модуларната болница .

-Денес цела земја слави, а ние се собравме да им оддадеме спомен на членовите на нашите семејства кои беа изгорени пред две години овде во модуларната болница. И денес, како и пред две години, сè уште ни се свежи сеќавањата на нивните вресоци и плачот. Беа изгорени пред нашите очи и бевме немоќни да ги спасиме. Тие денес не се меѓу нас само затоа што не се почитува градежните стандарди. Се обидоа да не исплашат и замолчат вреднувајќи ги нивните животи со неколку илјади евра, а се обидоа да ги скријат вистинските виновници за оваа трагедија – рече Исмаили во име на семејствата.

На протестот беше потенцирано дека граѓаните немаат доверба во правосудниот систем.

-Корупцијата убива! Сите политичари зборуваат за интеграција во ЕУ, но човечкиот живот не се почитува. Има 14 жртви, нула дена затвор. Судството и обвинителството се бранители на организираниот криминал, корупцијата, злото и олигархијата. Игнорирањето на германската експертиза само за да се амнестираат вистинските виновници е скандал на судскиот систем. Како членови на семејствата, итно бараме: Да се отвори судска постапка за причините за пожарот, повторно постапување и преиспитување на решенијата од прелиминарниот претрес во судот во Тетово. Разрешување на главниот обвинител Јовевски, заедно со главниот обвинител во Тетово Бесир Алиу, и обвинителите Зорица Павловиќ, Дејан Петрески, Ханефи Амети и другите – заклучи Исмаили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО! Четири лица се повредени

На 04.05.2024 година околу 19:30 часот полициски…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Тетовец му се заканувал на полицаец преку…

Жител на Тетово му се заканувал на…

(Видео) Сајкоски потврди: Коалицијата со Касами функционира…

Коалицијата со Биљал Касами и Арбен Таравари…