Протест на здравствените работници

t

Европски плати за нив европски плати за нас е еден од слоганите кој што го извикуваа здраствените работници од јавното здравство кои излегоа на протест од пред Работничкиот дом до министерството за здравство.

Не отстапуваме од нашите барања за зголемување на платите, анекс на колективниот мора да се потпише веднаш по формирањето на новата Влада.

За време на протестот потсетија и на загриженоста во фелата околу одлевањето на македонскиот медицинскиот кадар во странство.

Работата посебно кај медицинските сестри е доста обемна, како што одминуваат годините се менува соодност медицинска сестра-доктор, но мора да се внимава и на тоа каков кадар влегува во работен однос низ здравствените установи, додаде меѓу другото Даница Стојкова која се обрати на протестот како претставник на медицинските сестри.

Сите кои што беа дел на протестот се во едно согласни корекција на платата мора да има.

За време на протестирањето здраствените синдикалци беа информирани дека ќе бидат примени на средба со претставници на кабинетот на техничкиот министер Илир Демири, формирана група која треба да го прецизира колективното договарање во овој вакум изборен процес, подршка имаа и од сојузот на синдикати на Македонија.

Извор: 24.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Само 265 лица од Македонија со бугарски…

Многу слаб интерес владее во Македонија за…

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…