Протест од 9 часот, центарот на Скопје под сообраќаен режим
Во централното градско подрачје во Скопје денеска од 9:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест.
-Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република Македонија, информираат од МВР.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…
Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…
Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…
По средбите со претставници на Американската финансиска…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…
Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…