Противкандидатот на Макрон тргна по стапките на Груевски – 10 илјади евра за секое дете

t

Францускиот претседателски кандидат Ерик Земур вели дека на родителите во руралните области во земјата ќе им даде 10.000 евра за секое ново дете што ќе го добијат.

Целта е да се зголеми наталитетот кај Французите и да се „врати селата“.

Ерик н Земур важи за француски екстремен десничар политичар, политички новинар, есеист, писател и експерт. Тој беше уредник и панелист на Face à l’Info, дневно шоу емитувано на CNews, од 2019 до 2021 година. Тој ќе биде против кандидат на претседателските избори во Франција во 2022 година на Емануел Макрон.

Да не заборавиме дека Владата на Никола Груевски беше една од првите во Европа и светот кои со социјални мерки како додаток за трето дете се обиде да го подигне наталитетот во Македонија.

Владата предводена од СДСМ го укина додатокот за трето дете кој сега го земаат само социјално ранливи категории на граѓани.

По стапките на Груевски тргна и унгарскиот премиер Виктор Орбан воведувајќи низа бенефиции за семејствата, како дел од напорите на владата да го зголеми наталитетот. Тој, исто така, изјави дека владата има за цел да го задржи економскиот раст на земјата за два проценти над просекот на Европската Унија.

„Во Европа се раѓаат сè помалку и помалку деца. За западот, одговор на овој предизвик е имиграцијата. Секое дете што недостига треба да се надомести и во тој случај бројките ќе бидат во ред. Но, нам не ни требаат бројки. Нам ни требаат унгарски деца“, изјави Орбан во своето годишно обраќање до нацијата.

Новите мерки предвидуваат проширување на програмата на заеми за семејствата со најмалку две деца, за да им се помогне да купат дом и автомобил, а за жените со најмалку четири деца ќе се укине персоналниот данок.

Жените кои првпат ќе се омажат после 40-та ќе можат да конкурираат за субвенциониран заем од 10 милиони форинти (36.000 долари).

„Третина од долгот ќе биде простена во случај на второ дете, а за трето ќе биде целосно избришан. Тоа е одговорот на Унгарија, не имиграцијата“, додаде Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во февруари 39 276…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

АФП: Македонија гласа на клучните избори за…

Во Македонија денеска е првиот круг од…

Столтенберг: САД ќе останат верен сојузник во…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Уапсен грчкиот пратеник кој нападна колега со…

Грчката полиција пристапи кон апсење на независниот…