Противпожарен хеликоптер „Блек Хок“ се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, опремен e со т.н. „бомби“

t

Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, е опремен со т.н. „бомби“ со капацитет од 3.410 литри вода, што овозможува ефикасно гаснење пожари од воздух.

Дел од екипажот кој пристигна во земјава, како што информираше денеска Амбасадата на Чешка, се тројца припадници на Чешката противпожарна служба и четворица пилоти и техничари.

– Пристигнувањето на хеликоптерот претставува значаен чин на меѓународна солидарност и соработка во справувањето со кризни ситуации – информираа од Амбасадата на Чешка.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека екипажот утринава имал брифинг со Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Противпожарен хеликоптер „Блек Хок“ се вклучува во…

Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува…

Владата на Бугарија одобри 900 илјади лева…

Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади…

Власта нема пари за младите спортисти, а…

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која…

За Илинден Мицкоски во Скопје, Сиљановска-Давкова во…

Државниот врв и оваа година ќе го…

Македонија е прва во Европа по изгорена…

ВМРО-ДПМНЕ донесе катастрофа, Македонија е прва во…