Прототема: Силијановска може да се соочи со санкции од САД за прекршување на Договорот од Преспа
Не престануваат реакциите на грчките медиуми по инаугурацијата на новиот претседател Гордана Силјановска Давкова. Грчкa Прототема денеска со наслов: Сиљановска Давкова може да се соочи со санкции на САД поради прекршување на Договорот од Преспа.
Во текстот стои дека Европската унија и САД силно ја предупредуваат земјава поради пркосот на Договорот од Преспа, усогласувајќи се со „македонизмот“, при што според медиумот Давкова ризикува да ја изолира нејзината земја, да предизвика конфликт со Западот и соседите и да ги влоши етничките тензии.
Нејзините обиди да ја оправда употребата на Македонија го прекршуваат Договорот од Преспа.
Христијан Мицкоски, исто така, се усогласи со формулацијата македонизам што предизвикува сериозна неизвесност при меѓународниот притисок и економските ризици, се вели во текстот.
Секој потег за отповикување на договорот мора да земе предвид дека Македонија веќе има добиено неповратни придобивки како што е членството во НАТО.
За жал, добрата волја, која е суштинска за имплементација на договорот, се чини дека недостасува, пишуваат грчките медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…