Професорката Котлар: Бугарите во Уставот, Македонците во пеколот!

t

Во услови кога Бугарија го проблематизира македонскиот посебен историски развој – идентитетот и не го прознава постоењето на Македонците, власта не смее ни да помисли да ги чепне уставот, па макар тој бил и северен, Едностраното и едноставното внесување на Бугарите во македонскиот уставо како конститутивен нарот ќе значи редефинирање на историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа значи бугаризирање на се што е македонско – од Цар Самоил преку Делчев, па се до улогата на Бугарија во Втората светска војна, пишува во колумна за Скопско ехо историчарката Наташа Котлар.

Саботниот ден, изобилуваше со „германски“ вести! Шулц ни вети датум за ЕУ, а ние – јадниците од Македонија, посредно, дознавме дека сме биле подготвени да го исполниме едно од клучните барања на Бугарија – да ги вклучиме Бугарите во Уставот и тоа како државотворен народ на земјата!? Последнава информацијава е од Јохана Дајмел, една од најугледните германски аналитичарки за Балканот, но одекнува во нашата јадничка свест ужасно, пеколно! Особено што доаѓа во време кога северниот премиер незрело се смее кога го претставуваат на меѓународна средба дека е од „Западна Бугарија“, а министерот за надворешни работи се потпишува како „северномакедонски“! За другите, заедно со претседателот од Водно и да не зборувам!

Котлар предупредува дека ако на „балкански начин“ или пак преку Собранието, кое е во хронична криза, се направи обид за спроведување на „оваа убиствена замисла по македонската опстојба“, ќе биде крај за нас Македонците.

Едностраното и едноставното внесувањето на Бугарите во Уставот и тоа како конститутивен народ ќе значи на голема врата да се редефинира историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа е пеколен начин, ирационалниот спор – за македонската историја и идентитетот на народот – да добие рационална реализација на бугарските намери за асимилација, односно бугаризирање на сè она што се е македонско – средновековие (Самоил, богомили), нов век (преродбеници, културни дејци, револуционери – Делчев) и современ период – да се промени вистинската улога на Бугарија во Втората светска војна, од фашистичка и окупаторска, во слободољубива држава со народ измачен од борби и затоа заслужен за изградба и на македонската држава!

Тоа би била целосна промена на македонската историја на штета на Македонците и нивните жртви пред и за време на балканските и светските војни. Со едностраното и едноставното внесување на Бугарите во Уставот на РС Македонија, „богатото културно наследство (…) традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“ ќе се и бугарски, а ако имаме среќа и по малку македонски! Затоа, повеќе од кога и да е ни е потребна, отворена свест, мурост, сила, волја и сензитивност да се одбраниме од овие апокалиптични посегања по нашата душа – македонска. Ако ја загубиме, ништо нема да ни треба, најмалку датум, завршува Котлар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…

Бугарите во Република Македонија бараат да се…

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува…

„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето…

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари…

Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана…