Проширувањето и новите членки се едно од клучните прашања за БРИКС
Прашањето за проширување на групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република) е високо на агендата на претстојниот самит на организацијата, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Портпаролот додаде дека тоа е многу важна тема, бидејќи Москва гледа дека се повеќе земји изразуваат намера да се приклучат на оваа група.
Песков истакна дека таквиот интерес за БРИКС сведочи за „големиот потенцијал“ и „растечкиот авторитет“ на блокот.
„И што е најважно – за практичното значење на оваа група“, заклучи портпаролот.
Тој исто така прецизираше дека шефовите на држави на самитот ќе ги изнесат своите ставови за темата за проширување на блокот.
Самитот на БРИКС ќе се одржи во Јоханесбург од 22 до 24 август.
БРИКС се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Голем број други земји имаат намера да се приклучат на економскиот блок, вклучувајќи ги Аргентина, Иран, Индонезија, Турција, Саудиска Арабија, Египет, Алжир.
Венецуела и Боливија се последните земји кои официјално аплицираа за влез во блокот.
Јужна Африка го презеде претседателството со БРИКС од Кина на почетокот на оваа година, кое ќе трае до крајот на 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…