Проширувањето се враќа меѓу првите три приоритети на ЕУ, вели Вархеји

t

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, порача дека процесот на проширување се враќа меѓу првите три приоритети на Европската Унија и нејзините лидери и дкеа сега е уште поважно да се забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Со актуелната геополитичка и економска криза предизвикана од руската војна против Украина, проширувањето се врати меѓу првите три приоритети, не само на Унијата туку и на лидерите на ЕУ. Затоа е уште поважно да им дадеме на нашите соседи посилна поддршка од кога било, не само да ги задржиме на европскиот пат, туку и да ја забрзаме нивната интеграција во ЕУ“, порача Вархеји на конференцијата Италија и Западен Балкан „Раст и интеграција” што се одржува во Трст.

Вархеји рече дека ЕУ е посветена на европската перспектива на Западен Балкан, но и дека постапките на регионот мора да соодветствуваат на таквата определба.

Постигнати се многу успеси, но треба да се направи уште многу, а да не зборуваме дека имаме барем една земја која ќе се приклучи во блиска иднина“, изјави еврокомесарот.

Оценувајќи дека новата методологија врати покредибилен, динамичен, предвидлив и пополитички управуван процес, Вархеји потсети на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Македонија и доделувањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

Тоа е силно охрабрување за целиот регион и потврда дека Европа се врати и е подготвена да испорача, доколку и Западен Балкан е подготвен да испорача“, изјави Вархеји.

Како што истакна тој, политичката интеграција може да функционира само доколку има вистинска интеграција, односно економска и социјална интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Таа мора да биде важна колку и политичката“, рече Вархеји и како пример го наведе дека за претходните две години, од донесувањето на Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија за Западен Балкан, одобрени се 40 проекти со вкупна инвестициска вредност од 5,7 милијарди евра.

Вархеји изјави дека ЕУ се потпира врз земјите-членки да донесат инвестиции и знаење и да придонесат за поврзување на регионот кон вредносните врски на европската економија, кои се под зголемен притисок поради пандемијата и војната во Украина.

Мојот приоритет како комесар беше да создадам охрабрувачка средина, да го поддржам економскиот раст, да промовирам инвестиции и да ја зголемам привлечноста на Западен Балкан за трговците и инвеститорите, бидејќи само така можеме да ја промениме реалноста на терен и целосно да го интегрираме Западен Балкан во ЕУ“, изјави Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…