Прскање против комарци во пет општини во Југоисточниот регион: Еве кога ќе се спроведува дезинсекцијата

t

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информира дека на 27 и 31 август ќе се спроведе дезинсекција за контрола на популацијата на комарци во пет општини.

На 27 август ќе се третираат подрачјата на Босилово, Ново Село и Струмица, додека на 31 август активностите ќе се спроведуваат во Василево и Валандово.

Третманот ќе опфати ларвицидна и адултицидна дезинсекција, со цел намалување на бројот на комарци и преземање превентивни мерки за заштита на јавното здравје.

Од Центарот информираат дека доколку временските услови не дозволат третманите да се реализираат во предвидените термини, активностите ќе бидат презакажани за првиот нареден поволен период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…

Во Србија од 1 јануари се зголемува…

Жените во Србија од 1 јануари 2027…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Казино во Кичево крадело струја со уред…

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…