Прскање против комарци во Скопје
Град Скопје соопшти дека денеска ќе почне земјена, а на 16 септември авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.
– Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 12 до 15 септември 2022, во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. Авионската дезинсекција против комарци ќе се одвива на 16 и 17 септември 2022 во раните утрински часови, информира Град Скопје.
Доколку временските услови не дозволат дезинсекција, прскањето ќе биде првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Град Скопје апелира до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…