Пругата Бељаковце-Крива Паланка е со реализација од 40 отсто, моментално се гради најдолгиот мост
Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови, објави директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски.
Како што информира Ивановски преку Фејсбук, парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26-те полуизградени мостови од 1990-тите.
-Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментов се произведени 71 со динамика од 10 неделно – дополни диекторот.
Според него, вкупен прогрес на проектот е околу 40 отсто, а проекцијата до крајот на оваа година е да се стигне до 50 проценти реализација.
-Продолжуваме со засилено темпо до конечна реализација на овој капитален инфраструктурен проект – рече Ивановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…