ПСЖ одби да плати 55 милиони евра, ќе оди на суд со Мбапе!

t

Раководството на француската Лига 1 реши дека ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Килијан Мбапе за плати и бонуси, меѓутоа шампионот нема намера да го исполни барањето и правдата ќе ја бара на суд.

ПСЖ му должи плати на Мбапе за неколку месеци, а воедно не му се исплатени ниту бонусите и очигледно така ќе остане сè додека не биде донесена конечна одлука на суд.

„Ги слушнавме аргументите на комитетот која постојано инсистираше на договор меѓу ПСЖ и фудбалерот. Комитетот имаше лимитиран поглед на работите и затоа правдата ќе ја бараме на суд каде што ќе ги презентираме нашите докази“, кажале од ПСЖ за медиумите.

Мбапе одигра 308 натпревари за парижаните, а притоа постигна 256 голови и 108 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…