Психичкото семејно насилство зема замав, сѐ почесто пријавуваат и мажи

t

Ако претходните години најчеста форма на семејно насилство која била пријавувана било физичкото, минатата година, според податоците од јануари до септември, тоа било психичкото насилство, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Иако допрва треба да се комплетираат податоците за останатите четири месеци, според она што досега располагаат во Министерството за труд и социјална политика, а кое ресорната министерка денеска го сподели со новинарите, од јануари до септември лани пријавени се 1 166 случаи на семејно насилство, од кои 708 се поврзани со психичкото насилство.

„Од јануари до септември 2023 година имавме вкупно 1166 случаи на семејно насилство. Сега ги прибираме за цела година, од септември до декември. Наскоро ќе ги објавиме податоците за цела 2023 година. Да, најголем дел, 708 случаи, се пријави за психичко насилство за разлика од претходно, кога најчест вид насилство беше физичкото насилство“, изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.

Говорејќи во насока на прашањето, таа посочи дека психичкото насилство, за разлика од физичкото, многу тешко се докажува бидејќи нема видливи траги, а како последица ги има опаѓањето на менталното и на психичкото здравје на граѓаните.бКако што информира министерката, најголем број од жртвите на психичко насилство се жените.

„Тука е психичкото вознемирување, постојано префрлување на партнерката, во случај дали е партнерка, сопруга, имаме случаи од деца на родители, и сето тоа остава длабока трага на психата на една личност и многу е тешко за препознавање. Жртви на насилство се деца и повозрасни граѓани, но најголем процент и понатаму се токму жените“, рече Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Притвор за тројца мажи кои претепале две…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Македонските ракометарки загубија од Шпанија

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на…

(Видео) Шокантно: Маж тепа жени во метро…

Надзорните камери во Барселона снимија шокантен напад…