Психијатар за осомничениот сериски убиец од кумановско: ГЛУМИ ЛУДИЛО
Во Куманово продолжи судскиот процес против осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане на кој му се суди за четири убиства и два обида за убиство.
По службена должност му беше доделен адвокат, откако на претходното рочиште адвокатот му го откажа полномоштвото зашто спротивно на неговите совети тој не призна вина.
За однесувањето на обвинетиот на првото рочиште (кој се смееше и гледаше во плафон), невропсихијатарот Мице Дудучки вели: „Се работи за личност која во просториите на судот покажува псевдодементно однесување, а ние психијатрите тоа го нарекуваме Ганзеров синдром, односно глумење лудило, со цел – “не се сеќавам“.
Тој нагласува дека постоењето психопатологија само по себе не значи дека едно лице е непресметливо.
„Јас сум поборник на смртна казна кога се работи за убиства со умисла, посебно од користољубие“, вели Дудучки
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…