Пукање во Кратово: Маж нападнал полицаец!

t

Доцна синоќа во 21:30 часот на ул.„Ѓорги Какашевски“ во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.П.(33) од Кратово, затоа што физички нападнал и со остар предмет се обидел да повреди полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Притоа, полицискиот службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. По преземени мерки било утврдено дека Д.П. претходно физички нападнал едно лице, а оштетил влезна врата и инвентар во еден маркет. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски…

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за…

Приведена 41-годишна жена од Кратово поради напад…

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако,…

Жител на Кратово алармира: Туристи плаќале и…

Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава…

Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…

Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…

Млада жена повредена додека работела во фабрика…

25-годишна жена од Кратово се здобила со…