Пукање во училиште во Германија, ученик ранил соученик
Ученик во училиште во германскиот град Офенберг со огнено оружје ранил соученик, пренесува Билд.
Полицијата околу 13 часот соопшти дека осомничениот е уапсен во рамки на голема акција во училиштето во Офенберг, а станува збор за малолетна личност. Се сомнева дека ученик со огнено оружје ранил соученик, објави Билд.
реклама
Според тој германски таблоид, во акцијата учествувале четири полициски хеликоптери и десетици полицајци на терен. Околу 180 ученици се евакуирани од зградата и предадени на нивните родители.
Полицијата во моментов ги пребарува просториите за можни дополнителни сторители или сомнителни предмети.
Според Билд, тоа е специјално училиште за деца со потешкотии во учењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани…
Две лица се повредени во пукање во…
ВРЕДИ: Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори…
По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор…
УХМР предупредува: Утре попладне локално невреме со…
Утре во попладневните часови се очекува локална…
Десет активни пожари низ Македонија и два…
На ден 23.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Со пиштол ограбена обложувалница на Бит-пазар
Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на…