Пукање во Флорида, најмалку 10 ранети

t

Десет лица се ранети во пукање во Лејкленд, Флорида, соопшти градската полиција, јавија американските медиуми.

Пукањето се случило вчера попладне, а две лица се во критична состојба, соопшти полицијата.

Се наведува дека напаѓачите во еден момент ги отвориле сите четири прозори од темносини возила и отвориле оган, а во престрелката биле ранети лица од двете страни на улицата.

Полицијата во Лејкленд сè уште не идентификувала ниту еден осомничен и на Фејсбук објави дека нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.

Началникот на полицијата во Лејкленд, Сем Тејлор, рече дека истражителите веруваат дека нападот не бил случаен и оти жртвите биле цел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…