Пукање во Чаир! Излегол од „Ауди“, ги тепал, па пукал!

t

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во својот автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ го вперил пиштолот кон три лица, удирајќи со шлаканица еден од оштетените. Потоа испукал еден куршум во воздух. Со тоа извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените, а во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…

Убоди со нож и пукање – Обид…

Поднесена е кривична пријава од страна на…

30-дневен притвор за едно лице по обидот…

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…

Нападнати ученици во Чаир

На 08.02.2024 во 18:24 часот во СВР…

Пукање во Чаир – возач бегајќи, удрил…

Полициски службеници синоќа испукале два куршума во…