„Пулс“: Починатиот Александар немал ниту здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

t

Денешното рочиште за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, помина во знакот на емотивното сведочење на Наско Карадаковски. Тој откри дека неговиот син Александар дознал дека е управител на фирмата поврзана со сопствениците на „Пулс“ дури кога се повредил и сфатил дека сам мора да ги плаќа болничките трошоци.

Сведокот истакна дека неговиот син бил под голем притисок и паника во периодот пред пожарот, свесен за одговорноста што ја носи како формален управител, иако реално не водел сметководство ниту одел во банка.

Александар бил пријавен за да се спаси лиценцата на сопственикот Дејан Јованов.

Покојниот работел во кафулето „Класик“, а не во дискотеката „Пулс“.

Александар се повредил помагајќи во градежни работи при реновирањето на дискотеката во 2024 година.

Судењето, кое го води судијката Дијана Груевска Илиевски, продолжува во фаза на доказна постапка. На следното рочиште се очекува сослушување на нов сведок, за кого судот најави присилно спроведување доколку повторно не се појави

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

244 сведоци предложени од одбраната во случајот…

Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската…

Телма: Сопственикот на Пулс за неполн месец…

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката…