Путин: Влегувањето на европски војници на украинска територија би значело војна со Русија
Влегувањето на европски војници на украинска територија би значело војна со Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Сега велат дека размислуваат како да испратат војници на украинска територија. Тоа значи војна со Русија“, оцени Путин, истакнувајќи дека Русија нема причина за конфликт со Европа и ниту се заканува, ниту има намера да им се заканува на европските земји, пренесува „Спутник“.
Според него, европските елити го плашат населението со измислена закана од Русија.
Путин оцени дека актуелните политички трендови во Европа се резултат на системски грешки направени од западните „глобалистички елити“ во политиката, безбедноста и економијата.
Зборувајќи за војната во Украина, Путин го повтори тврдењето дека настојувањето на Западот да ја внесе Украина во НАТО по промената на власта во Киев во 2014 година било основната причина за сегашниот конфликт. Тој изјави дека овие грешки почнале да се натрупуваат.
„Во сферата на безбедноста, јасно е што е влогот. Тоа е обид да се докрајчи Руската Федерација – прво со помош на терористите на Кавказ и сепаратистите, потоа преку други инструменти, а сега и со помош на неонацистичкиот режим во Украина. Ова не запира“, смета Путин, пренесува „Танјуг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Влегувањето на европски војници на украинска…
Влегувањето на европски војници на украинска територија…
Бела куќа: Руски функционер ќе присуствува на…
Руски функционер ќе присуствува на состанокот на…
Тешка сообраќајка кај Стража, има жртви и…
Тешка сообраќајна несреќа се случила на патниот…
Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…
При претрес во Битола, пронајдено е оружје…
Воз излета од шини во Франција: Повеќе…
Најмалку 44 лица се повредени, од кои…