Путин во Украина се бори за својот живот, не за неговата земја, вели Зеленски
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека неговата земја не може да се откаже од Бахмут, бидејќи ако руските сили го освојат овој град, тоа може да доведе до проширување на фронтот кон Крематорск во Славјанск.
„Тоа ќе им даде шанса на руските сили и на Вагнер да окупираат повеќе од нашите територии“, рече Зеленски.
Иако аналитичарите тврдат дека овој град има мала стратешка вредност, Зеленски продолжува да инсистира да го брани ова место. Тој ги повика сите да го посетат овој град за да разберат што може да се случи.
„Не можам да ја опишам ситуацијата во Бахмут како добра, но ние се бориме. Посилни сме од пред една година“, рече Зеленски.
Тој вели дека неговата земја се подготвува за контраофанзива.
„Нашата армија се подготвува и правиме се за да биде што посилна“, истакна Зеленски.
Тој, исто така, им се заблагодари на сите сојузници за нивната поддршка.
„На сите им е јасно дека Русија нема да застане само на Украина, но Украина може да ја запре Русија“, наведе Зеленски.
Тој апелираше до сите да продолжат да ги поддржуваат.
„Путин во Украина се бори за својот живот, а не за својата земја“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…