Путин: Германија е сè уште окупирана
Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот рече дека одговорот на Германија на експлозијата на гасоводот Северен тек 2 покажал дека земјата е сè уште „окупирана“ и не е независна неколку децении откако се предаде на крајот на Втората светска војна.
Во интервју за руската телевизија, Путин исто така рече дека европските лидери го изгубиле чувството за суверенитет и независност.
“Западните земји, вклучително и Германија, реагираа внимателно на експлозијата што го оштети рускиот гасовод Северен тек минатата година, велејќи дека веруваат дека тоа е намерен чин, но не кажаа кого сметаат одговорен. Факт е дека европските политичари јавно кажаа дека по Втората светска војна, Германија не беше целосно суверена земја“, изјави Путин за телевизијата „Россија-1“, пренесуваат руските агенции.
„Експлозијата на гасоводот е извршена на државно ниво“
„Советскиот Сојуз во еден момент ги повлече своите сили и стави крај на она што може да се смета за окупација на земјата. Но, како што е познато, тоа не беше случај со Американците. Тие сè уште ја окупираат Германија“, рече тој.
Путин додаде дека експлозијата на гасоводот била извршена на „државно ниво“ и дека е „чиста глупост“ што ја извршила проукраинска група. Гасоводот требаше да испорачува руски гас до Германија, но Берлин ја намали зависноста од руските енергетски извори по руската инвазија на Украина минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…
Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…
Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…
Путин по заканите од Естонија за војна:…
Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…
# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…
Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…