Објавено на:

Путин ги прими претседателските кандидати во Кремљ: Сите му честитаа победа

t

Рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ ги прими преостанатите тројца претседателски кандидати – Николај Харитонов, Леонид Слуцки и Владислав Даванков.
Во разговорот тој оценил дека изборниот процес бил цивилизиран и целосно во согласност со руските закони.


Путин ги покани да продолжат да работат заедно во парламентот за да промовираат идеи за развој на Русија и изјави дека имаат заеднички цели.
Харитонов му честиташе на Путин и додаде дека Комунистичката партија ја признава неговата победа. На честитките се приклучи и Слуцки, кој рече дека победата на Путин е историска. Честитајќи му, Даванков рече дека победата на Путин е убедлива.


Владимир Путин на претседателските избори во Русија освои 87,28 отсто од гласовите, соопшти Централниот изборен комитет по обработката на 100 отсто од гласачките ливчиња.
Николај Харитонов освоил 4,31 отсто од гласовите, Владислав Даванков – 3,85 отсто, а Леонид Слуцки – 3,20 отсто од гласовите. Официјалните изборни резултати ЦИК ќе ги соопшти на посебна седница в четврток.
За актуелниот шеф на државата гласаа над 76 милиони гласачи, што е и рекорден показател. Според конечните резултати од 2018 година, Путин добил 56.426.399 гласови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Захарова за изјавата на Камерон дека Украина…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Путин одликуваше со орден тројца тинејџери кои…

Рускиот претседател Владимир Путин им додели ордени…

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…