Путин го назначи Белоусов за нов Министер за одбрана на Русија
Владимир Путин предложи смена на долгогодишниот министер за одбрана Сергеј Шојгу. За нов министер ќе биде назначен актуелниот вицепремиер Андреј Белоусов.
Шојгу (68), кој дојде на оваа функција во 2012, ќе биде нов секретар на моќниот руски Совет за безбедност, каде што ќе го замени Николај Патрушев.
Шојгу важи за еден од најблиските соработници на Путин и со негова смена почна да се шпекулира откако беше уапсен неговиот заменик Тимур Иванов, кој беше обвинет за корупција. Тој го доби секторот одбрана иако претходно немаше никакво искуство во армијата и иако често во сенка, имаше клучна улога во руската војна против Украина. Неговата позиција првпат беше разнишана лани, откако влезе во јавен спор со шефот на платениците на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кој бараше негова смена поради начинот на кој се води војната во Украина.
Белоусов, кој е економист по професија, исто така нема воена заднина и аналитичарите сметаат дека Путин на овој начин сака повеќе да ја усогласи руската економија со руските воени напори.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека поставувањето на цивилно лице за министер за одбрана значи дека оваа функција има потреба од иновација.
„Русија станува како Советски Сојуз во средина на 1980-тите, кога голем дел од бруто домашниот производ одеше на воено трошење. Поради тоа, неопходно е да се осигураме воените трошоци да бидат подобро интегрирани во целокупната економија на Русија“, кажа Песков.
Белосуов се опишува како тврдокорен бранител на државата кој верува дека таа е окружена со непријатели. Пред да стане вицепремиер, неколку години беше помошник на Путин и отворено ја поддржуваше анексијата на Крим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
Европската комисија застана зад Туск: Бара од…
Европската комисија застана на страната на полскиот…
Осуденик во затвор успешно заврши средно образование
Осуденик, кој својата казна ја издржува во…
Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…