Путин до Западот: Штом вие ја вооружувате Украина, можеме и ние да ги вооружиме вашите непријатели
„Ако некој мисли дека е можно да се достави такво оружје во воена зона за да ја нападне нашата територија и да ни создаде проблеми, зошто немаме право да ги снабдуваме другите со нашето оружје?“, рече Путин на прес-конференција во Санкт Петербург.
Неговите коментари уследија откако американски сенатор и западен функционер потврдија дека Украина неодамна користела американско оружје за да нападне внатре во Русија.
Оружјето беше користено според неодамна одобрените упатства од Џозеф Бајден.
Републиканскиот сенатор Мајк Раундс од Јужна Дакота, член на Комитетот за вооружени служби на Сенатот, ги потврди нападите со американско оружје.
Берлин, исто така, неодамна ѝ дозволи на Украина да погоди некои цели на руска територија со оружје со долг дострел доставено од Германија, што според Путин е „опасен чекор“ што може да ги уништи односите меѓу Берлин и Москва.
Путин, исто така, рече дека американската администрација презема „енергични чекори“ во обид да обезбеди ослободување на уапсениот новинар на The Wall Street Journal,, Еван Гершкович, но рече дека таквите прашања можат да се решат само врз основа на реципроцитет.
Путин додаде дека разговорите со американските разузнавачки агенции на оваа тема се во тек, но дека тие мора да се водат „тивко“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Трамп најави дека ќе го покани Зеленски…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Денес се празнува Преподобен Прохор Пчински
Бидејќи се молеше за тоа, Бог му…
Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…
Избирачките места во Бугарија се отворени од…