Путин до Зеленски: „Дојди во Москва на разговори“
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ порача на Украина дека претседателот Володимир Зеленски може да отпатува во Москва доколку сака директни разговори, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, во четвртокот, по иницијативата на Киев за средба меѓу двајцата лидери.
Песков соопшти дека Кремљ го разгледал отвореното писмо од Зеленски со повик за тет-а-тет средба со Путин, при што информирал дека за него е поднесен извештај до рускиот претседател.
Според него, Москва не ја преценува улогата на САД во обидите за завршување на конфликтот, додавајќи дека руските национални интереси остануваат приоритет.
Зеленски во своето обраќање повика на директен состанок со Путин и предложи да се одреди конкретен датум за разговорите, нагласувајќи дека Украина е подготвена на целосен прекин на огнот за време на евентуалните преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…