Објавено на:

ПУТИН Е БОЛЕН, САКА ДА ВЛАДЕЕ ВЕЧНО: Зеленски вели дека изборите во Русија биле симулација и имитација

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека немаат легитимитет „имитациските избори“ во Русија. Тој го обвини Путин дека сака да владее вечно.

Во своето ноќно видео обраќање Зеленски рече дека „рускиот диктатор симулира нови избори“ и дека Путин е „болен за моќ и прави сè за да владее вечно“.

– Нема и не може да имаат легитимитет овие имитациски избори. На оваа личност треба да му се суди во Хаг. Тоа треба да го обезбедиме – додаде Зеленски во својот говор.

САД, Велика Британија, Германија, Украина и Полска ги оценија претседателските избори во Русија ка неслободни, нефер и недомократски.

„Изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер“, е првата оценка на САД по објавувањето на првичните резултати од руските претседателски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865…

Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани…

Македонката Бојана Пешевска, која е обвинета во…

Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска,…

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возел 168…

Вчера во 13:15 часот, на Граничен премин…

До 15 отсто поевтин училишен прибор: Влен…

Почетокот на новата учебна година носи радост…

Скандал со пари од ЕУ: Во Грција…

Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за…