Путин е подготвен и чека покана од Трамп

t

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за контакт со американскиот претседател Доналд Трамп, Москва чека сигнали и навремено ќе ја информира јавноста за можниот разговор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин е подготвен, чекаме сигнали, сите се подготвени“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали за викендот очекува контакти меѓу претседателите на Русија и САД, додавајќи дека е „тешко да се предвиди“ што ќе се случи.

Песков, исто така, рече дека конфликтот во Украина произлегува од заканата за руската национална безбедност и целосното одбивање на Западот да ја слушне загриженоста на руската страна за заканите за Русите кои живеат на територии кои еднострано прогласија отцепување од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски државјанин починал на Клиниката за кардиохирургија…

72-годишен француски државјанин починал на Клиниката за…

Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…

Црна Гора ќе ја поддржи Македонија кога…

Црна Гора ќе ја поддржува Македонија на…

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

Левица предлага државата да ви го врати…

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…