Путин: Зошто САД префрлаат носачи на авиони во Средоземното Море?!
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не разбира зошто Соединетите Американски Држави префрлаат носачи на авиони во Средоземното Море, бидејќи тоа ја влошува ситуацијата.
„Не разбирам зошто САД префрлаат носачи на авиони во Средоземното Море. Едната група е таму, сега се најавува трансфер на друга. Не ја гледам поентата, што планираат да направат, да го бомбардираат Либан или што? Што сакаат да прават? Или едноставно решија да исплашат некого? Но, таму има луѓе кои веќе не се плашат од ништо“, рече Путин.
Како што посочи, проблемите не треба да се решаваат на таков начин, туку треба да се бараат компромисни решенија.
„Сепак, ваквите постапки ја влошуваат ситуацијата“, изјави Путин.
Потсетуваме, претходно Пентагон објави дека САД распоредуваат ударна група носач на авиони, вклучително и носачот Џералд Форд, во источниот Медитеран за да ги зајакне американските напори за одвраќање во регионот поради нападите на Хамас врз Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…