Путин изрази сочувство, Ердоган вети дека ќе стои рамо до рамо со Иран во тешките денови
Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до Иран во врска со смртта на претседателот Ебрахим Раиси, се наведува на веб-страницата на Кремљ.
„Почитуван господине (врховен лидер на Исламската Република Иран) Али Хамнеи, ве молиме примете го моето длабоко сочувство за огромната трагедија што го снајде народот на Исламската Република Иран – несреќа што го однесе животот на претседателот Сејед Ебрахим Раиси, како и животот на голем број други истакнати владини фигури на вашата земја“, се вели во телеграмата.
Турција ќе застане на страната на Иран во тешките денови, изјави претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.
Хеликоптерот со Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица се урна на 19 мај во северозападниот дел на земјата во регионот Верзеган. Утрото на 20 мај, иранскиот потпретседател Мохсен Мансури ги потврди извештаите дека претседателот и неговата делегација загинале во хеликоптерска несреќа. Делегацијата се враќаше по посетата на Азербејџан, каде Раиси и неговиот колега од Азербејџан Илхам Алиев учествуваа на церемонијата на отворање на хидроелектричниот комплекс Гиз Галаси и пуштањето во употреба на хидроелектричниот комплекс Кудаферин на граничната река Аракс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…