Путин и Ердоган на 4 септември ќе се сретнат во Сочи!
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат на 4 септември во Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Преговорите ќе се одржат во понеделник, во Сочи. Тоа ќе биде во средината на денот“, рече Песков.
Кремљ потоа објави соопштение во кое се наведува дека лидерите ќе разговараат за развојот на заемно корисна билатерална соработка, актуелните меѓународни прашања.
Да потсетиме, вчера во Москва министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Хакан Фидан разговараа за агендата на идната средба меѓу двајцата претседатели.
Според Лавров, меѓу Руската Федерација и Турција има значаен дијалог за билатералната, како и за регионалната и меѓународната агенда, а состанокот на министрите во Москва ќе овозможи да се подготват „добри препораки за дискусија на нашите лидери“.
Претходната средба на лидерите се одржа и во Сочи на 5 август минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…