Путин и Ердоган по разговoрот: Турција е подготвена да дејствува како посредник за Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со рускиот лидер Владимир Путин, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Лидерите разговараа за ситуацијата во Украина. Ердоган во таа прилика нагласи дека е неопходно да се „даде шанса на преговори“ за да се реши ситуацијата.
Турскиот лидер исто така рече дека Анкара е подготвена да дејствува како посредник за Украина.
Тема на разговор беше и договорот за храна.
Потврдувајќи дека во заеднички интерес е да се продолжи механизмот кој истекува во ноември, претседателот Ердоган истакна дека продолжуваат да работат на непречен извоз на руско ѓубриво и жито, соопштија од кабинетот на турскиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната со Иран е финансиски обезбедена…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека војната…
(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…
Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…
Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…
Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…
Полска им предложи на сојузниците на НАТО…
„ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПАРИ ЗА СЕ“, остро порача…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес во…