Објавено на:

Путин и Зеленски со исто гледиште за соработка на создавање „житен коридор“

t

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски со исто гледиште за соработка на создавање „житен коридор“.

Русија, Турција, Украина и ОН подготвија мапа за безбеден извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според агенцијата, околу 20 милиони тони жито и сончогледово семе од Русија и Украина се очекува да бидат испорачани на светските пазари благодарение на механизмот на командниот центар кој се планира да се формира во Истанбул, Турција.

Како резултат на интензивната дипломатија на Турција за обезбедување мир од почетокот на руско-украинската војна, подготвена е „Мапа на патот“, под покровителство на Обединетите нации (ОН), како еден вид решение за глобалната криза со храна, која се појави поради војната во Украина.

Деталите ќе бидат разгледани во наредните денови на состанокот што ќе се одржи меѓу Русија, Украина, Турција и претставници на ОН.

На таа средба ќе бидат разгледани прашања како рутата на испорака, осигурувањето и безбедноста на бродовите, а особено расчистувањето на морските мини во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот имаше телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, на кои се разговараше за војната во Украина и за регионални прашања.

Во разговорот со Ердоган, Путин истакна дека Русија е подготвена да ги олесни непречените испораки во координација со своите турски партнери, вклучително и испораките на жито од украинските пристаништа.

Во разговорот со Зеленски, Ердоган нагласи дека Турција придава особено значење на проектот за воспоставување безбеден коридор за извоз на украинските земјоделски производи по морски пат.

Ердоган, исто така, истакна дека Турција има позитивен став да биде дел од командниот центар што треба да се формира со учество на двете страни и на ОН и да биде домаќин на центарот во Истанбул.

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски позитивно гледале на соработката за создавање „житен коридор“.

Со механизмот кон кој позитивно пристапуваат и украинската и руската страна, се очекува да се расчистат мините околу пристаништата во Црното Море и резервите на жито безбедно да стигнат на странските пазари, јави Анадолија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Саудиска Арабија изјави дека со Ердоган договориле расчистување на мините во украинските пристаништа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

Киев продира стотици километри во руската територија,…

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…

Форбс: Во услови на рекордни загуби во…

Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…

Нови санкции од ЕУ за Русија на…

Европската Унија планира значително да ги прошири…