Путин и Ким Јонг Ун кај Си Џинпинг во Кина на воена парада – Вучиќ сè уште не го потврдил присуството
Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун ќе бидат меѓу странските лидери кои ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг, потврди кинеското Министерство за надворешни работи.
На парадата, по повод 80-годишнината од формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна, се очекува да присуствуваат и лидери на некои европски земји, вклучувајќи го словачкиот премиер Роберт Фицо, белорускиот претседател Александар Лукашенко и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Сè уште не е официјално објавено дека Вучиќ оди во Кина, но може да се очекува, со оглед на тоа што Си Џинпинг му испрати писмо кон крајот на јули со кое го покани на парадата.
Во мај оваа година, Си Џинпинг, Вучиќ и Фицо беа меѓу странските лидери кои присуствуваа на воената парада во Москва по повод 80-годишнината од Денот на победата во Втората светска војна, на кој поранешниот Советски Сојуз даде огромен придонес во уништувањето на силите на Оската.
Објавата на кинеското Министерство за надворешни работи дојде неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се сретне со Ким Jонг Ун и додека Белата куќа се обидува да посредува во договор за завршување на војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…