Објавено на:

Путин и Кси ќе ја отворат олимпијадата: Политиката и пандемијата нема да ја спречат олимпијадата

t

На ЗОИ под строги ковид-протоколи ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави. Додека САД бојкотира дипломатски, тоа не значи дека нема да има американски спортисти и навивачи на трибините. Кина, од друга страна, ги предупреди своите спортисти да не „промрморат“ за човековите права на Ујгурите или за ситуацијата во Тајван. Украина, пак, им нареди на своите спортисти да не се сликаат со Русите и да не зборуваат руски.

Политиката, пандемијата, но и сувото време нема да го спречат одржувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, кои денеска во 12:55 часот по наше време на стадионот „Птичје гнездо“ ќе бидат официјално отворени. Се очекува на отворањето да биде кинескиот претседател Кси Џинпинг, заедно со Владимир Путин, кој би требало да дојде на негова лична покана, а нив нема да ги придружува Џо Бајден, чија земја, заедно со неколку западни држави решија дипломатски да ги бојкотираат игрите.

„Птичје гнездо“ е истиот стадион на кој беше отворена летната Олимпијата во 2008 година. И овој пат, како и тогаш, уметнички директор на церемонијата ќе буде кинескиот режисер Жанг Јиму.

– Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на зимски игри ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново – вели 71-годишниот Јиму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џипинг: Кина и Америка треба да…

Кина и Америка треба да бидат партнери,…

Кина до САД: Не смеат да се…

Светот гледа дали Кина и САД заедно…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…