Објавено на:

Путин и Макрон ќе се сретнат на 7 февруари – Кои точки се на дневен ред?

t

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, ќе разговараат во Москва на 7 февруари, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Навистина, Путин и Макрон се договорија Макрон да биде во Москва во понеделник. Ќе има руско-француски разговори и заедничка прес-конференција“, рече портпаролот на Кремљ, нагласувајќи дека посетата на францускиот лидер ќе биде „многу важна“.

„На дневен ред се многу теми“, рече Песков.

Пред сè, лидерите ќе разговараат за ситуацијата околу прашањето за руските безбедносни гаранции. „Путин ќе биде подготвен да ја продолжи дискусијата што тој и Макрон ја започнаа за време на неколку телефонски разговори во последните денови, за да ги опише загриженоста на Русија, нашата визија за ситуацијата и нашето разбирање за она што го добивме како одговор од Соединетите држави и НАТО“, рече портпаролот на Кремљ. Дополнително, Песков очекува дека лидерите ќе кажат „барем неколку збора“ за билатералните односи, кои Москва ги смета за многу важни.

Доаѓањето на Макрон на 7 февруари ќе биде трета посета на странски лидер на Москва во изминатата недела. На 1 февруари, Путин разговараше во Кремљ со унгарскиот премиер Виктор Орбан и на 3 февруари со аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.

Во петокот, рускиот лидер беше во посета на Кина за разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг и да присуствува на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во 2022 година. На 15 февруари Путин треба да одржи средба во Москва со германскиот канцелар Олаф Шолц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…