Објавено на:

Путин: Москва планира економски рестарт на освоените региони во Украина, да го достигнат стандардот на Русија до 2030 година

t

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин одржа состанок за социо-економскиот развој на новите региони и даде голем број упатства. Клучни точки:

– Москва треба да обезбеди економски рестарт на Донбас и Новоросија (украинските региони окупирани од Русија)

– Регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје треба да го достигнат просечното руско ниво во однос на квалитетот на животот и сите клучни индикатори до 2030 година.

– Локалните жители треба да видат промени на подобро.

– Сите задачи за развој на новите региони треба да бидат целосно завршени.

– Таму треба да се создадат нови работни места со пристојни плати.

– Во оваа работа се вклучени 82 субјекти, 41 федерална агенција, 26 државни компании. Потребно е да се зголеми обемот на станбена изградба.

– Од 2022 година, во новите региони се реконструирани и изградени речиси 23 илјади објекти.

– Планирано е да се реконструираат уште 9,6 илјади километри патишта.

– Индустрискиот, земјоделскиот, логистичкиот и економскиот потенцијал на Донбас и Новорусија е огромен.

– Властите ќе го следат спроведувањето на клучните проекти. – стои во соопштението од Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…