Објавено на:

Путин не бил вмешан во смртта на Навални?! Американски весник презентираше нова теза!

t

Еден од главните соработници на Навални, Леонид Волков, споменатите тези ги оцени како наивни и смешни.

Американските разузнавачки служби утврдиле дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно не го наредил убиството на опозицискиот политичар Алексеј Навални во затвор на Арктикот во февруари, објави Волстрит журнал.

Навални, кој имаше 47 години кога почина, беше најжестокиот домашен критичар на Путин. Неговите помошници, означени како екстремисти од властите, го обвинија Путин дека го убил и рекоа дека ќе обезбедат докази за да го поддржат нивното тврдење. Кремљ негираше каква било вмешаност на државата.

Минатиот месец Путин ја нарече смртта на Навални „жалосна“, истакнувајќи дека тој е подготвен да го предаде затворениот политичар на Запад во размена на затвореници, под услов Навални никогаш да не се врати во Русија. Соработниците на Навални изјавија дека такви преговори се воделе. Волстрит журнал, повикувајќи се на неименувани лица запознаени со ова, денеска објави дека американските разузнавачки агенции заклучиле дека Путин веројатно не го наредил убиството на Навални во февруари.

„Оценката на разузнавачката заедница за Путин е широко прифатена во разузнавачката заедница, вклучувајќи ја и ЦИА.
Меѓутоа, Вашингтон не го ослободи рускиот лидер од целосната одговорност за смртта на Навални, имајќи предвид дека тој со години беше цел на руските власти, дека беше затворен поради политички мотивирани обвиненија и дека во 2020 година беше отруен со нервен агенс. Кремљ негира вмешаност на државата во труењето на Навални во 2020 година. Ројтерс не можеше независно да ги потврди наводите на Вол Стрит Журнал, кој цитираше извори кои велат дека проценката била „широко прифатена во разузнавачката заедница и споделена од неколку агенции, вклучително и ЦИА, Канцеларијата на директорот на националното разузнавање и разузнавачките служби на Стејт департментот“.

Американската проценка се заснова на низа информации, вклучително и одредени доверливи разузнавачки информации и анализа на јавно достапни податоци, вклучително и времето на смртта на Навални и фактот дека тоа го засени реизборот на Путин во март, пишува Wall Street Journal, цитирајќи некои од неговите извори.

Еден од главните соработници на Навални, Леонид Волков, споменатите тези ги оцени како наивни и смешни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: Промената на власта во Македонија ќе…

Промената на власта во Македонија ќе означи…

Зеленски се жали: Русија започна нова офанзива…

„Русија започна нов бран на офанзивни акции…

(Видео) На Дончиќ му пуштија звуци од…

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дониќ, ноќешниот меч на…

Фудбалерите го креваат гласот, се заканија со…

Синдикатот на фудбалерите (ФИФпро) и Асоцијацијата на…

Димитриевски нема вечно да чека на Валенсија,…

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, се наоѓа…