Путин: Односите меѓу Русија и Кина достигнаа историски највисоко ниво
Односите меѓу Русија и Кина го достигнаа највисокото ниво во историјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција по руско-кинеските разговори.
Путин додаде дека овие односи не зависат од моменталната глобална ситуација.
– „Нашето заедничко херојско минато, нашето братство по оружје, е сигурна основа за развој и зајакнување на руско-кинеските односи. А овие односи го достигнаа највисокото ниво во историјата. Тие се самодоволни и не зависат од внатрешнополитичките фактори или од моменталната глобална ситуација“, истакна Путин.
Зборувајќи за трговските односи меѓу двете земји, Путин рече дека Русија и Кина изградиле стабилен систем на меѓусебна трговија кој е заштитен од влијанието на трети земји. Тој нагласи дека речиси сите надворешно-трговски операции меѓу Москва и Пекинг се вршат во рубљи и јуани.
Според него, Русија е еден од водечките трговски партнери на Кина. „Кина е на прво место по обемот на трговијата со Русија – во 2024 година, оваа бројка сруши уште еден рекорд и изнесуваше 245 милијарди долари. Нашата земја е исто така еден од водечките надворешно-трговски партнери на Кина“, рече Путин. Путин истакна дека големите кинески производители на автомобили, како и производителите на микроелектроника и домашни апарати, го прошируваат своето присуство на рускиот пазар. Тој, исто така, истакна дека инвестициската соработка меѓу Русија и Кина активно се развива.
-„Инвестициската соработка активно се развива. Околу 90 приоритетни руско-кинески проекти во вредност од околу 200 милијарди долари се спроведуваат или се подготвуваат за имплементација во области како што се индустриското производство, транспортот, логистиката, земјоделството и рударството“, нагласи Путин. Тој најави дека постојат планови за значително подобрување на билатералната трговија меѓу Русија и Кина до 2030 година.
„Заедничката изјава со г-дин Си Џинпинг поставува амбициозни цели. Поточно, станува збор за обезбедување значаен квалитативен напредок во руско-кинеската трговија и инвестиции до 2030 година“, објасни Путин. Тој истакна дека во својата надворешна политика, Русија и Кина се залагаат за демократски и мултиполарен светски поредок.
„При разгледувањето на клучните меѓународни и регионални прашања, беше потврдено дека пристапите на Русија и Кина се совпаѓаат или се многу блиски. Двете земји водат независна и автономна надворешна политика и се заинтересирани за создавање поправеден и подемократски мултиполарен светски поредок“, нагласи рускиот претседател, рече рускиот лидер. Рускиот претседател ги нарече разговорите со кинескиот претседател значајни и продуктивни.
„Нашите разговори со претседателот на Народна Република Кина се одржаа во традиционално топла, пријателска и конструктивна атмосфера и беа многу суштински и продуктивни“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина со амбициозна цел: 70 отсто од…
Кина постави цел до 2030 година електричните…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…