Објавено на:

Путин покажа мапа од 17. век: “Општо познато е дека Украина тогаш не постоела”

t

Рускиот претседател Владимир Путин покажа француска мапа до 17. век, од времето на кралот Луј 16, според видеото објавено од Кремљ, од посетата на претседателот на Уставниот суд Валери Зоркин. Зоркин му донесе на Путин копија од мапата и рече дека му донел да покаже дека таму нема Украина, само Полско-Литванскиот комонвелт, Козакија и Кралството Москва. Тој продолжува да инсистира дека Украина е создадена од Советскиот сојуз и дека не постоела претходно

Путин му одговори: „Тоа е општо познато“.

„Овие територии биле едноставно дел од Полско-Литванскиот комонвелт и потоа тие побарале да станат дел од Кралството Москва… И дури подоцна, по Октомвриската револуција, таа квазидржава почнала да се формира. Советската влада ја создаде Советска Украина. Никогаш немало никаква Украина во историјата на човештвото до таа точка“, анализираше Путин.

Путин често прави вакви историски анализи, тврдејќи дека Украина е измислена нација. Во септември 2022 година, тој го кажа тоа на средба со ученици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Украина ја очекува уште една сурова зима,…

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…