Путин: Политиката на Европската унија за цените на гасот е лудост
Рускиот претседател Владимир Путин политиката на Европската унија (ЕУ) за цените на гасот ја нарече лудост и ги отфрли сите обвинувања против Русија во врска со ова прашање.
На состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, Путин ги обвини западните земји дека ѝ објавиле економска војна на Русија.
„Колективно, Западот не нападна со економска војна“, нагласи Путин, истакнувајќи дека западните земји погрешиле во пресметувањето дека руската економија ќе пропадне како резултат на тоа.
Путин рече дека Русија се соочува со „невидена агресија преку санкции кои имаат за цел брзо да ја уништат економијата на земјата со предизвикување колапс на руската валута, рубљата, крадење девизни резерви и предизвикување деструктивна инфлација“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…