Објавено на:

Путин постхумно го одликуваше убиениот руски влогер Татарски

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска постхумно го одликува воениот блогер кој вчера беше убиен во бомбашки напад во кафуле во Санкт Петербург, за кој официјална Москва ги обвини Украина и „агентите“ на опозицискиот лидер Алексеј Навални, пренесе Бета.

Орденот за храброст му беше доделен на Владлен Татарски (вистинско име Максим Формин) за „храброста и смелоста што ја покажа во извршувањето на неговите професионални должности“, се наведува во декретот објавен на сајтот на Кремљ.

Покрај Татарски во вчерашната експлозија во кафулето во центарот на Санкт Петербург беа повредени уште 25 лица.

Руските власти синоќа соопштија дека ја уапсиле младата Дарија Трепова, главна осомничена за нападот врз блогерот.

Русија денеска го обвини Киев дека го организирал нападот во Санкт Петербург во кој беше убиен воениот блогер и поддржувач на офанзивата против Украина со соучесништво на приврзаниците на притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

„Утврдено е дека терористичкиот акт, извршен на 2 април во Санкт Петербург, бил планиран од украинските специјални служби“, соопшти рускиот антитерористички комитет.

Украинците негираа каква било вмешаност во нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…