Објавено на:

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот ќе мора да ја прифати реалноста на мултиполарниот свет и да научи да соработува со земјите што ги опиша како „светско мнозинство“. Тој предупреди дека светот влегува во период на големи промени и нестабилност.

Говорејќи на пленарната седница на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“, Путин оцени дека продолжувањето на меѓународните конфликти е многу веројатно и дека големите промени во светскиот поредок носат и нови ризици.

„Претходниот хегемон неизбежно ќе мора да ја признае реалноста на мултиполарниот свет. Ќе мора да научи да соработува со земјите од светското мнозинство“, рече Путин.

Тој предупреди дека процесот ќе биде долг и проследен со, како што рече, „непријатни и дури опасни појави“.

Путин се осврна и на опасноста од ескалација, особено во контекст на санкциите и воените дејствија. Според него, ескалацијата не е еднострана, туку една провокација може да доведе до друга и да создаде спирала што би можела да има катастрофални последици.

Рускиот претседател предупреди и на ризикот од употреба на нуклеарно оружје и порача дека мора да се направи сè за да се избегне такво сценарио.

„Ако пиштолот виси на ѕидот, сигурно ќе пукне“, рече Путин, зборувајќи за можноста некоја држава да употреби нуклеарно оружје.

Осврнувајќи се на војната во Украина и односите со Западот, Путин ги отфрли тврдењата дека Русија го започнала конфликтот. Тој рече дека, според неговото гледиште, Украина не требало да биде претворена во „антируска“ држава и дека не требало да се создаваат воени бази во близина на Русија.

Путин оцени дека Русија била принудена, како што наведе, да се брани како одговор на „очигледната агресија“.

„Не треба уништувањето на Русија да се претвора во стратешка идеологија. Ако сакаме да живееме, ајде да живееме пријателски“, порача рускиот претседател.

Тој додаде дека човештвото сè уште не е целосно свесно за размерите на промените што се случуваат во светот и дека еден од клучните предизвици е намалувањето на ризиците со кои се соочува меѓународната заедница.

„Очигледно е дека од тоа колку ефикасно ќе управуваме со ризиците зависи и иднината на човекот“, рече Путин. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…

Мицкоски во работна посета на германската покраина…

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…

Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…

Македонија планира да создаде услови за привлекување…

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…

Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…