Путин пред Си Џинпинг ги осуди обидите на Западот да креира униполарен свет!

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со кинескиот колега Си Џинпинг во Самарканд ги осуди обидите на Западот да создаде „униполарен свет” и ја поздрави „балансираната позиција” на Пекинг по однос кризата во Украина.

„Обидите да се создаде униполарен свет неодамна добија крајно грда форма и се целосно неприфатливи“, му рекол Путин на Си.

„Многу ја цениме избалансираната позиција на нашите кинески пријатели по однос украинската криза“, додал рускиот претседател на првата средба со својот кинески колега од почетокот на војната на 24 февруари.

Си Џинпинг го уверил Путин дека Кина сака да ја преземе својата улога на „светска сила“, заедно со Русија.

„Кина има намера да работи со Русија за да ја преземе одговорноста како светска сила, да игра водечка улога и да донесе стабилност и позитивна енергија во светот, што се наоѓа во хаос“, изјави Си.

Путин и Си се во Самарканд за да присуствуваат на Самитот на Шангајската организација за соработка, безбедносна структура што се смета за алтернатива на сојузите во кои доминира Западот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…