Путин: Русија го суспендираше, но не го заврши своето учество во договорот за извоз на храна

t

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека неговата земја го суспендирала, но „не го завршила“ учеството во договорот со Украина за извоз на храна преку Црното Море, пренесе Си-Ен-Ен.

Одлуката на Русија дојде како резултат на „создавање закана“ за хуманитарниот коридор, рече Путин на прес-конференција во Сочи по средбата со лидерите на Ерменија и Азербејџан.

Русија во саботата соопшти дека го суспендирала учеството во договорот со Украина со посредство на Обединетите нации, кој се смета за клучен за решавање на глобалниот недостиг на храна.

Москва тогаш соопшти дека го напушта договорот, откако ја обвини Украина за напад со дронови на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

Киев на руските обвинувања одговори со тврдење дека Москва измислува „фиктивни терористички напади“ и оти го користи договорот за храна за да „уценува“.

– Целиот процес на извоз на храна од украинска територија беше организиран со цел да се излезе во пресрет на интересите на најсиромашните земји. И тоа го направивме токму во интерес на најсиромашните земји, рече Путин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од Скопје без струја – ова…

Голем дел од Скопје вежерва остана без…

Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања,…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Европската комисија да…

Еве кои се компаниите за брзи кредити…

Скопското Тиго и тетовското Фикс кредит, дознава…

Трамп најави нови царини за 13 земји…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи…

(Фото) Професорот Фрчковски меѓу присутните: Протест на…

Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание,…