Објавено на:

Путин: Русија е отворена за политичко и дипломатско решение за Украина

t

Русија е подготвена да најде „политичко и дипломатско решение“ за украинското прашање и ја цени „добро избалансираната“ позиција на Кина по ова прашање, изјави претседателот Владимир Путин, пренесува Анадолија.

Москва ја поздравува „подготвеноста на Пекинг значително да придонесе за решавање на кризата“, рече Путин во написот објавен од кинескиот весник „Пиплс дејли“, ден пред посетата на претседателот Си Џинпинг на Москва.

„Русија е отворена за политичко и дипломатско решение на украинската криза. Не беше Русија таа што ги прекина мировните преговори во април 2022 година“, рече Путин.

Тој смета дека иднината на мировниот процес зависи исклучиво од волјата за вклученост во значајна дискусија, имајќи ја предвид актуелната геополитичка реалност.

Путин рече дека војната во Украина е „испровоцирана и дека Западот ревносно ја поттикнува“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 40 килограми кокаин откриени во камион…

Речиси 40 килограми кокаин откриле царински службеници…

Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри…

Писмото на Али Ахмети, во кое тој…

(Видео) Момин Поток пред завршница: Поставен асфалт…

Изградбата на клучката кај Момин Поток е…

Студен бран ја зафаќа Македонија, за викендот…

Утрото ќе биде ведро и студено, а…

„Македонија е и секогаш ќе биде дом…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…