Објавено на:

Путин: Русија мора секогаш да биде чекор пред непријателите

t

Русија мора секогаш да биде чекор понапред од противниците за да ја гарантира својата победа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Би сакал да нагласам, секогаш мораме да бидеме чекор понапред. Мораме да бидеме подобри од нашите противници и тогаш победата ќе биде загарантирана. Штом сме пред нашите противници, нашата ефикасност се зголемува многукратно, едноставно кажано, многукратно“, рече Путин.

Претседателот на Русија рече и дека руската одбранбена индустрија ги завршува задачите побрзо од дадените рокови. „Повеќето компании ги исполнуваат задачите, а на некои позиции и побрзо од очекуваното. Важно е да продолжиме ритмички да и обезбедуваме на армијата модерно, високотехнолошко оружје и опрема“, рече Путин на средбата со претставниците на руските одбранбени компании. Најпрво Путин истакна дека станува збор за беспилотни, авијациски и копнени комплекси, но и за средства за радио-електронско војување. „Неодамна потребите се зголемени, во последните две години, за време на траењето на специјалната воена операција, тие бројки постојано се зголемуваат“, додаде Путин.

Тој прецизира дека кога станува збор за ракетно-артилериска муниција, зголемувањето на побарувачката е зголемено дури 20 пати, додека потребата за радиоелектронски системи за војување е зголемена за 15 пати. Рускиот лидер рече и дека производството на муниција е зголемено за 14 пати, додека производството на оклопна заштита е зголемено шест пати. „Темпото е добро, барањата големи. Сакам да им се заблагодарам на сите колективи кои успеваат да ги реализираат сите барања на државата“, заклучи Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот „Military Review“: Воениот баланс на Балканот…

Република Србија е загрижена за својата безбедност…

Германија спречи нови санкции против Русијa

ЕУ не постигна договор за 14-тиот пакет…

ДЕТАЛИ ЗА МАСОВНИОТ НАПАД НА РУСКАТА ВОЗДУХОПЛОВНА…

Украина изврши голем напад на аеродром лоциран…

Предлозите на Путин за мир во Украина…

Лидерите на Г7 не разговараа за предлозите…

Путин даде предлог ТРАЕН МИР, ама ако…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, обраќајќи им…