Путин: Светот се приближи до точка од која нема враќање
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до раководството на Министерството за надворешни работи на Русија и во таа прилика рече дека НАТО се обидува да го зголеми притисокот врз оние земји чиј развој се обидува да го заузда.
Како што рече, егоизмот и ароганцијата на западните земји доведоа до сегашната состојба, а светот неприфатливо се приближи до точката од која нема враќање.
Рускиот претседател рече и дека Вашингтон е одговорен за уништувањето на стратешката стабилност во светот, дека опасноста за Европа не доаѓа од Русија, туку дека главната опасност е целосната зависност од САД. „САД ја турка Европа во хаос, лишувајќи ја од правото да постои како ентитет на меѓународната сцена и од нејзиниот културен идентитет“, рече Путин и рече дека односите меѓу Русија и ЕУ се влошени, но не по вина на Москва.
„Антируската кампања е придружена со измислици дека Русија се подготвува да ја нападне Европа. Сите сфаќаме дека ова е апсолутна глупост. Ако Европа сака да остане еден од центрите во светот, треба да има добри односи со Русија, Москва е подготвена за тоа“, нагласи рускиот претседател.
Евроатлантскиот безбедносен систем пропадна, неопходно е да се формира нов безбедносен систем, рече Путин.
„Имавме единствена можност да изградиме сигурен и праведен поредок во областа на безбедноста. Не требаше многу да се прави, едноставно да се слушаат мислењата на сите страни и да се биде подготвен да ги земе предвид. Повеќе пати кажавме колку е погрешен патот на Западот. Сведоци сме на колапс на евроатлантскиот безбедносен систем. Всушност, потребно е да се создаде од нула, да се формулираат нови контури на тој систем во Евроазија“, рече Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…